Studio Apartment Skopje

Во срцето на скопскиот центар, во триаголен периметарски блок веднаш до централниот градски плоштад, станот зафаќа дел од последниот кат на зграда настаната во зенитот на југословенскиот модернизам.

 

Оригиналниот распоред, иако поседуваше двојна ориентација, следеше конвенционална типологија со една спална соба: главниот простор беше отворен кон југ и ја користеше одличната дневна светлина, додека помошните простории беа сместени во северната половина, свртени кон пространата кровна тераса.

 

Реновирањето го трансформира конвенционалниот распоред во отворено, флуидно студио. Основната зонација останува непроменета, но просторите за престој и спиење се споуваат во единствен флексибилен простор. За визуелна приватност на делот за спиење, специјално дизајниран елемент за полици стои како остров во просторот, дозволувајќи му да тече околу него. Надвиснатата челична рамка на јужната фасада го проширува внатрешниот простор нанадвор и формира пространо стаклено платно што го полни студиото со светлина.

 

Кујната, бањата и техничките простории се збиени во компактна сервисна единица и речиси незабележливо вклопени. Така се ослободува простор за мала трпезарија отворена кон кровната тераса и погледот кон плоштадот Македонија.

 

Оригиналната конструкција на покривната плоча, составена од грубо обликувани армирано-бетонски носачи со сводови, останува гола и целосно читлива. Таа му дава на ентериерот сурова, индустриска карактеристика, која мазните светлосиви ѕидни површини и подот од светло дрво ја балансираат во топла и домашна атмосфера.

Локација: Скопје, Македонија
Инвеститор: Приватен

Статус: Завршен

Година: 2017

 

Автор на проектот:

Костантин Трпеноски