Twin Houses

Во мала и тивка населба на јужниот раб на Виена, две идентични огледални куќи делат иста парцела.

 

Куќите се организирани вертикално, при што секое ниво прима посебна намена. Масата на секое од трите надземни нивоа е обликувана според својата функција, создавајќи слоевита композиција.

 

Приземјето и последниот кат – дневниот простор и мешовито користеното студио – споделуваат заеднички архитектонски јазик: флексибилен отворен план повлечен зад надворешната силуета, заоблени агли и фасадна обвивка од бронзен камен-малтер. Тие им даваат на куќите топлина, засолниште и приватност.

 

Визуелно доминантниот среден кат, поделен на посебни спални единици, надвиснува од сите страни над приземјето и го настрешува надворешниот простор за седење. Со коцкестата форма, острите рабови и мазната бела површина, овој слој делува построго и создава контрастна, а сепак избалансирана композиција.

Локација: Виена, Австрија
Инвеститор: Приватен

Статус: Во тек
Година: 2023

 

Проектен тим:

Костантин Трпеноски

Моника Ангелевска

Зоран Петровски